ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА – Чувар бил пронајден целосно во крв, а направил фатална грешка при обид да нахрани еден лав

Чувар на зоолошка градина во Јапонија бил убиен од лав кога се обидел да го намами во пештера со храна.

Кеничи Като, 53-годишен работник во сафари паркот „Тохоку“ во регионот Фукушима, бил пронајден крвав од вратот и онесвестен во кафезот на лавот во четвртокот попладне, соопштил за AFP портпаролот на локалната полиција.

Се верува дека го хранел лавот“, рекол портпаролот, кој не сакал да биде именуван.

Претходно беше кажано дека Кеничи Като се обидел да го намами лавот во кафезот со храна, но не ја заклучил вратата што требало да го одвои од кралот на џунглата.

Кеничи Като бил ветеран кој 27 години работел со предатори како лавови, тигри и мечки, пишува Daily Mail.

зоолошка градинаЈапонијалавсмрт