Хорор во Италија: Млад велосипедист загина на позната трка

Деветнаесетгодишниот италијански велосипедист Самуеле Привитера загина по несреќата за време на првата етапа од Џиро дела Вале д’Аоста во вторник, потврди неговиот тим Хагенс Берман Џејко.

Привитера излетал од патот за време на спуштањето, по што ја изгубил кацигата и удрил во ограда, објавија италијанските медиуми.

Привитера бил однесен во болница по несреќата, но им подлегнал на повредите, додека италијанските власти ги истражуваат околностите на несреќата.

Втората етапа од трката, која се одржува во долината Аоста во северна Италија, во близина на француската граница, беше откажана, а поради несреќата, беше одржана минута молчење дури и пред почетокот на етапата од Тур де Франс.