ХОРОР ВО ИТАЛИЈА – Татко и син паднале од шести кат, мажот починал во болница, а детето е тешко повредено и прашувало само едно во болницата

Татко (38 г.) починал, а неговиот 4-годишен син е хоспитализиран откако паднал од тераса на шести кат во зграда во Италија.

Инцидентот се случил вчера околу 15 часот во Палермо во станот во кој живееле таткото, инаку универзитетски професор и неговиот мал син. Професорот починал кратко по пристигнувањето во болница, додека момчето е на интензивна нега. Момчето е свесно и наводно цело време во болница го барал татко си, пренесуваат италијанските медиуми. За трагедијата да е уште поголема, неговата мајка починала пред една година.

Момчето има скршена рака и рани на градниот кош и стомакот и е под опсервација во болница.

Полицијата истражува како дошло до несреќата, не е исклучено самоубиство.

Имено, некои соседи рекле дека таткото се обидел да го спаси синот кој бил наведнат преку балконот и така и двајцата паднале.

Меѓутоа, други велат дека татко и синот се држеле за рака.

Медиумите јавуваат дека професорот наводно бил под притисок за старателство над синот по смртта на сопругата.

Полицијата продолжува да го истражува случајот.

ИталијанесреќаПалермосмрт