Основното јавно обвинителство Кавадарци, по спроведување на истражната постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот, 43-годишен, во неутврдено време од 20.05.2025 до 22.05.2025 година, со вршење семејно насилство, го лишил од живот својот вонбрачен партнер. Делото го извршил во станот каде што престојувала жртвата, на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци.“
„Обдукцијата покажа дека тој, свесен за кривичното дело, насилно ѝ ги затворил носот и устата, предизвикувајќи таа да се задуши“, соопшти Обвинителството, додавајќи дека бараат мерката притвор против него да се продолжи.