32-годишен маж попладнево се обесил во својата куќа во селото Широко кај Сува Река.
Полицијата во Косова соопшти дека патролата која излегла на местото на настанот пронашла тело обесено на таванот од куќата.
Весел Гаши, портпаролот на полицијата за регионот на Призрен, потврди дека полициската патрола веднаш по добиената информација излегла на лице место и пронашла безживотно тело обесено.
Екипата на итната помош констатирала смрт, но телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина, а по наредба на надлежен обвинител е покренат предмет „истрага за смрт“.