Неофицијално се дознава дека тој е повреден со остар предмет.
Непознато лице со остар предмет избодело млад човек во населбата Крагуевац Ердоглија.
Според локалните медиуми, повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац, а полицијата трага по сторителот.
Порталите наведуваат дека повредениот млад човек е Ѓорѓе Пешут , кој бил борач на Раднички и репрезентативец на Србија и дека за неговото лекување е потребна крв.