Хорор во ОУ „Гоце Делчев“: Дете падна од трет кат, брзата помош излегла на местото на настанот

Дете (11), шестоодделенец во основното училиште Гоце Делчев во Прилеп, се здобило со тешки телесни повреди при пад од 3 кат во училиштето.

Детето паднало од прозорецот, а итната помош веднаш го пренеле во болницата „Борка Талески“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што детето итно било пренесено во Скопје.

Грозоморниот инцидент се случил вчера околу 15 часот. 

Според првите информации, детето паднало од голема височина поради предизвик на социјалните мрежи, во кој тинејџерите ги „проверуваат силите“ извршувајќи различни задачи.

Детето било пронајдено во полусвесна состојба, а како што пренесуваат локалните медиуми, се здобило со скршеници на стапалото и кичмата.

– Итната медицинска помош вчера била известена дека дете паднало од третиот кат во училиштето. Екипата интервенирала и веднаш бил префрлен на Одделот за анестезија при Прилепската болница. Првичните прегледи покажаа дека има скршеница на стапалото и сомнителна фрактура на пршлен. Веднаш е префрлен на лекување на Детска хирургија во Скопје – изјави Боше Милошевски, началник на Итната медицинска помош Прилеп.