Шест лица го загубија животот во пукање во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, Тенеси, САД соопштија тамошните власти.
Меѓу жртвите има најмалку три деца, а според првичните извештаи одговорна за делото е 28-годишна девојка. Таа била вооружена со две автоматски пушки и пиштол, упаднала во училиштето во понеделникот наутро по локално време и почнала да пука, соопшти полицијата.
Три деца биле итно пренесени во болницата „Monroe Carell“ со прострелни рани, но за жал, децата починале набргу по пристигнувањето во болницата, соопштил портпаролот на болницата.
Имињата и возраста на децата не се соопштуваат, а полицијата извести дека пукала во напаѓачот за време на нападот.
Училиштето Covenant School во Нешвил, каде што се случи инцидентот, е приватно христијанско училиште за ученици од предградинка до шесто одделение. Во училиштето одат околу 200 ученици.
Децата кои одат во тоа училиште биле евакуирани од зградата, а нивните родители ги пречекале во блиската црква.
„Нашите мисли се со семејствата на целата училишна заедница и околната населба“, изјавил директорот Џон Реј Клемонс.
Фреди О’Конел, кандидатот за градоначалник на Нешвил, кажа дека – „Нешвил сега се приклучил на заедниците кои доживеале престрелки во училиштата“.
Според податоците собрани од „Неделата на образованието“, од почетокот на 2023 година до 23. март имало 12 престрелки во училишта во САД кои резултирале со смртни случаи или повредени.