37-годишна мајка си го убила своето шестмесечно бебе во Макрохори, Иматија, Грција.
Таа го претепала детето со тупаници и шише пред очите на своите две малолетни девојчиња на возраст од шест и седум години.
Девојчињата кои потекнуваат од првиот брак на нивната мајка биле тие кои ги алармирале бабата и дедото на несреќното дете и родителите на нивната мајка да побрзаат и да дојдат на местото на настанот.
Кога бабата и дедото пристигнале, детето го затекнале тешко повредено и онесвестено, па го пренеле во болницата „Верија“.
Бебето било тешко повредено и немало пулс. И покрај натчовечките напори на докторите, бебето не преживеало.
На местото на настанот излегла екипа од полициски службеници од одделението за обезбедување кои ја привеле мајката за убиство. Според информациите, жената боледувала од постпородилна депресија, додека претходно морала да биде хоспитализирана.
Кога била приведена, таа го кажала следново:
„Не го направив јас тоа, тоа го направи некој друг“.
Таа тврдела дека бебето било повредено од некоја невидлива сила.
Полицијата ги истражува околностите околу смртта на шестмесечното бебе. Резултатите од обдукцијата се очекува да го расветлат случајот.
За детето недалеку од Солун бил извршен погреб.
Несреќното бебе го добила со вториот сопруг кој наводно ја оставил пред околу еден месец.
Така таа се преселила со нејзините три деца во куќа спроти онаа во која живеат членовите на нејзиното семејство (сестра и родители).