Безживотните тела на двајца тинејџери се пронајдени во запален автомобил во гаража во Рашка, Србија.
Белградските медиуми јавуваат дека младото момче (17) и девојката (15) најверојатно се задушиле поради неисправни инсталации на возилото.
Полицијата добила повик од екипа на Итна помош од Краљево да излезе на терен во 02:50 часот, откако во населбата Шупње затекнала малолетници.
Полицијата работи на расветлување на сите околности на овој настан и засега нема дополнителни информации.
Истрагата за случајот со задушување во населбата Шупње во Рашка ја презеде Вишото јавно обвинителство од Краљево.