Мајка (20 г.) од областа Кладово во Србија е уапсена поради сомнение дека се обидела да го задави своето 9-месечно бебе.
„На А.А. и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Основното јавно обвинителство“ се вели во соопштението на полицијата.
Согласно Законот за спречување на семејно насилство, и се изречени две итни мерки – времено отстранување од станот и забрана за приближување кон детето.
Blic.rs пишува дека животот на бебето не е во опасност.
„Детето од синоќа е во болница и е кај својот татко. Има траги на вратот што може да укажуваат на давење“, вели добро упатен извор за Blic.rs.
Полицијата врши увид, по што треба да се знаат повеќе информации.