ХОРОР ВО СРБИЈА – Сопственичката на куќата и станарката кои беа пронајдени мртви со денови не одговарале на телефон! (фото)

Милка Т. (89 г.) и нејзината станарка Драгица З. (67 г.) денеска се пронајдени мртви во куќата во Апатин, во соседна Србија.

Несреќните жени најверојатно се задушиле од чадот бидејќи според неофицијалните информации во просторијата каде што се пронајдени се гледаат траги од пожар кој не се проширил на остатокот од куќата, а што го предизвикало ќе се утврди со истрагата, велат тамошните власти и медиуми.

Бидејќи ниту претходниот ден ниту денеска не се јавиле на телефон, братучедот на Милка со помош на полицијата и пожарникарите влегол во куќата и наишол на грозоморна сцена. И двете жени биле во кујната без знаци на живот.

Поцрнетите ѕидови и изгорениот мебел укажуваат дека најверојатната причина за смртта е задушување од чад.

Телата на трагично повредените жени утре ќе бидат пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад.

несреќаНови СадпожарсмртСрбија