Хорор во Унгарија: Маж уби жена при грабеж и повреди неколку лица

Унгарската полиција уапси маж (31) кој ограбил продавница во градот Фоњод во округот Сомоѓи и уби продавачка во нејзините 40-ти.

Тој, исто така, повредил уште двајца минувачи, а потоа се обидел да избега со автомобилот на жртвата, соопшти полицијата, според унгарското радио ХИР.

Според соопштението, од бруталниот напад продавачката починала на лице место, додека другите две жртви со тешки повреди се пренесени во болница.

Напаѓачот се обидел да побегне кон Сиофок или Домбовар, но доживеал несреќа кај Килити синоќа во 20 часот и 30 минути.

По укажаната лекарска помош, напаѓачот е приведен и одредена му е мерка притвор.