ХОРОР ВО ХАМБУРГ: Осуммина повредени во напад на железничката станица, уапсена жена

Полицијата во Хамбург објави на мрежата X дека е во тек „голема полициска операција“.

Напад со нож се случил на главната железничка станица во Хамбург во петокот вечерта, објави „Билд“.

Според противпожарната служба, најмалку осум лица се повредени, од кои некои потешко.

Една жена е уапсена, но деталите засега не се објавени.

Полицијата во Хамбург објави на мрежата X дека е во тек „голема полициска операција“.

Ова е трет напад со нож во Германија во последните два дена.

Да ве потсетиме дека вчера еден напад се случи во Берлин, а друг во Ремшајд.

Главните актери на тие напади беа малолетници.