Повреденото дете се наоѓа во сплитската болница и е ставено на респиратор, има исклучително тешки изгореници на главата и лицето.
Сплитската полиција во неделата околу 14 часот добила информација од КБЦ Сплит за укажување лекарска помош на дете со изгореници по телото предизвикани од запалива течност.
Според досега собраните информации во помошниот објект во Соланата, едно лице со запалива течност во шише запалило оган, при што во еден момент дошло до запалување, поради што лицето го фрлило шишето со запалива течност во дворот каде се наоѓало детето и има изгореници по телото – известија од Сплитско-Далматинската полиција.
Според неофицијални информации, тешко е повредено едно тримесечно девојче. Таа е во болница во Сплит на респиратор, има многу тешки изгореници на главата и лицето, а лекарите се борат за нејзиниот живот.
Трагедијата се случила на излетничкото место во близина на црквата Богородица на Блац кога група луѓе се собрале да го прослават роденденот. Гостите почнале да ја подготвуваат скарата и запалиле оган, а еден од нив ги полеал дрвата со бензин кој го чувал во во пластично шише Кока Кола. Откако пламенот го зафатил шишето, човекот во паника го фрлил шишето без да погледне околу себе.
За жал, шишето најверојатно го удрило несреќното девојче кое си играло и огнот го зафатил нејзиното тело.
Членовите на нејзиното семејство и останатите присутни веднаш дотрчале до детето и се обиделе да го изгаснат огнот тркалајќи го по тревата, а брзата помош многу брзо пристигнала и ја однела во болница.
Според полицијата, во нивните простории има лице кое е поврзано со настанот и против него е во тек кривична истрага, а на местото на настанот се води истрага, пренесува Јутарњи лист.