Денес рано наутро, на плажа во Шпанија е пронајдено тело на дете. Телото било без глава и е откриено при чистење на плажата. Телото на детето, за кое полицијата верува дека имало меѓу две и три години, било пронајдено рано наутро на песок на плажа во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег на Шпанија. Одморалиштето е омилена дестинација за многу туристи.
Телото на детето било без глава, а недостасуваат други делови од телото. Се претпоставува дека телото било исфрлено на брегот со вода бидејќи било во напредна фаза на распаѓање.
По откривањето, полицијата го опколила местото каде што се наоѓало телото, а туристи биле испратени на други делови од плажата.
На местото на откривањето е извршена увид.
Градоначалникот на Рода де Бера, Пере Вирџили, изјави дека можеби станува збор за дете кое било на еден од чамците со мигранти што се преврте во Средоземното Море.
Чистачот на плажа најпрво помислил дека се работи за кукла, со оглед на тоа што телото било облечено во боди, спортски панталони и јакна, пишува El Pais.