Табита Зелда Вуд (46 г.) два месеци ја прикривала смртта на вереникот Лерој Френклин Крамер Јуниор (82 г.) во Гејнсвил, Флорида. Судот ја прогласи за виновна за неговото убиство.
Во јуни 2022 година, полицијата и началникот на полицијата го пребараа домот на Крамер и го пронајдоа неговото безживотно тело. Табита потоа им кажала на властите дека нејзиниот вереник починал во првата недела од април 2022 година и дека живеела со него додека не се појавила полицијата пред нејзината врата. Според извештајот, Зелда Вуд поминала два месеци со покојниот Лерој.
Обдукцијата покажа дека причината за смртта на Крамер е убиство. Причина за смртта се убодни рани со остар предмет. Полицијата го пронашла неговото тело по пријава на неговата ќерка која два месеци не можела да стапи во контакт со него.
Зелда Вуд била прогласена за виновна за злонамерно убиство, измама, нанесување фатална телесна повреда, прикривање смрт и искористување на стари и немоќни лица за финансиска корист.
Судот ја прогласи за виновна, но се уште не ја утврдиле тежината на казната за сторените дела.
Слична ситуација се случи на почетокот на март годинава кога беше откриено дека Џенифер Миџ од Илиноис го пријавила својот сопруг за исчезнат, но всушност живеела со неговиот леш осум месеци. За разлика од случајот на Зелда Вуд, сопругот на Џенифер Миџ починал од природна смрт, но несреќниот сплет на околности го оставил заглавен во скриен дел на куќата.