Хорор на воена вежба: Камерата го сними фаталниот судар на 2 борбени авиони Т-27! Погледнете ја страшната сцена на небото (ВИДЕО)

Два авиони Т-27 Тukanо на колумбиските воздухопловни сили се судрија во неделата за време на тренинг лет во близина на воздухопловна база во централниот дел на земјата.

Воздухопловните сили на Колумбија соопштија дека е убиен потполковникот кој управувал со еден од авионите. Другиот пилот преживеа.

– На местото на инцидентот е испратена увидна комисија за утврдување на причините за судирот – се наведува во соопштението.

Видеото објавено на социјалните мрежи го покажува моментот на инцидентот. Се гледаат неколку летала како летаат блиску еден до друг, а во еден момент крилото на еден од леталата избувнува во силен пламен.

Пилотите, наводно, вежбале за аеромитинг закажан за Денот на независноста на Колумбија на 20 јули во градот Рионегро.

Т-27 е всушност турбопроп верзија на лесниот напаѓачки авион Embraer 312 Tucano.