Две лица загинаа, а тројца се ранети во напад што се случи за време на прославата на Денот на независноста во Хантингтон Бич, во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата примила повик околу 23:15 часот во четвртокот за фатално пукање во округот Оринџ во Хантингтон Бич, објави USA Today.
Кога пристигнале на местото на инцидентот, полицајците пронашле „неколку жртви со тешки повреди“.
Полициската управа на Хантингтон Бич потврди дека две лица им подлегнале на повредите на местото на настанот и дека три лица се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Од полицијата додаваат дека досега е приведено едно лице.