Касиерката го скинала горниот дел од сметката на која биле информациите за трансакцијата и името и адресата на ресторанот, се пожали оштетениот.
Бесен турист нагло го прекинал летниот одмор на грчкиот остров Миконос откако, како што самиот тврди, бил принуден да потроши 360,80 евра за лесен ручек. Опишувајќи го инцидентот на Редит, дотичниот човек опиша како неговото семејство било измамено во одморалиштето Платис Гиалос.
-Баравме добро место да седнеме и да уживаме во сонцето, а келнерот во ресторанот Eclipse на плажата ни рече дека можеме да ги користиме нивните кабини или лежалки под услов да купиме две пијалоци. Понудата ни се чинеше прилично добра, но потоа почна да не мачи и да инсистира на нови нарачки. Го побаравме менито за да ги погледнеме цените, но келнерот итро ги избегнуваше нашите прашања, само повторувајќи како се е евтино.
Сопружниците нарачале пиво и мохито, а биле принудени да нарачаат милкшејк за децата, пренесува Дејли Мејл .
Откако седевме таму еден час, решивме да порачаме храна. Келнерот препорача калмари, а на менито пишуваше дека чинат 19 евра и дека доаѓаат со салата и леб како прилог. Но, тогаш ни ја врачија сметката – четири пијачки чинат 78 евра, а лигњите 75 евра. Шокирани му ја дадовме картичката на келнерот и дури подоцна сфативме дека ни наплатиле и повеќе од наведената цифра. Сега лигњите беа 148 евра, милкшејковите кои никогаш не ги сакавме, ги плативме 38 евра, а салата и лебот што требаше да биде бесплатен не чинеше уште 28, односно 14,50 евра – напиша туристот на Редит.
Кога им се пожалил на вработените во ресторанот, тие се налутиле!
Касиерката го скинала горниот дел од сметката на која биле информациите за трансакцијата и името и адресата на ресторанот. Не се ни потрудија да потпишат после трансакцијата, едноставно ми ја наплатија картичката за неверојатни 360,80 евра. Се чувствував толку измамено – вели жртвата.