ХОРОР – Пронајдена тајна соба полна со човечки коски во позната здравствена агенција: “Никој не знае што се случувало…“

Како дел од канцелариските простории на здравствената агенција во Мелбурн, работниците, на големо чудење, наишле на просторија полна со коски на различни, неидентификувани лица, пишува весникот The Guardian.

Прво, медицинска сестра забележала како истекува течност од напуштена просторија во административната зграда на „Eastern Health“ во ходникот.

Сестрата влегла во собата и пронашла делови од коска и ткиво во контејнери и канти за отпад и го пријавила инцидентот кај службениците за превенција и контрола на инфекции во медицинското училиште на Универзитетот Монаш“, вели помошникот судски доктор Лорен Бедгуд за австралиските медиуми.

Два дена подоцна, хирург за уво, нос и грло влегол во собата и пронашол портокалова кофа со човечки коски зачувани во формалдехид во фрижидер.

„Собата за коски“, која била пронајдена еден кат под извршните канцеларии на „Eastern Health“, била пријавена во полиција и надлежните органи на 27. февруари.

Кога дојдоа до просторијата за коски, открија дека местото на настанот е исчистено и дека остатоците биле ставени во жолти корпи за опасен отпад“, изјавил Лорен Бедгуд и додал: „Пластична кеса со непознат материјал е пронајдена и во делот за замрзнување на фрижидерот“.

Посмртните останки се фотографирани и испратени на соодветно вештачење.

Од агенцијата „Eastern Health“ велат дека посмртните останки се зачувани за проучување од страна на студентите по медицина.

Сепак, нема документи за да се докаже дека просторијата всушност била користена за проучување или учење на анатомијата и нема евиденција за потеклото на човечките останки.

Eastern Health“ вели дека ги купил посмртните останки од Универзитетот во Мелбурн во 2014 година, но универзитетот вели дека нема податоци за тоа.

Судскиот доктор Пол Лори сега истражува дали посмртните останки можат да се класифицираат како смртни случаи или повеќекратни смртни случаи кои може да се известат.

Нормално, нашата работа започнува со утврдување на идентитетот на починатиот, но овде имаме останки кои им припаѓале на повеќе луѓе и сите се неидентификувани“, вели тој.

Тој додал дека форензичкото тестирање не помогнало да се идентификува чии останки се, ниту од каде истите се нашле таму.

Eastern Health“ ангажирале надворешен истражител за да го разгледа инцидентот и да препорача за следните чекори.

Адвокатката на канцеларијата за јавно здравје, Карен Кјузак, вели дека сега ги интервјуираат поранешните и сегашните вработени и се обидуваат да откријат од каде дошле посмртните останки, бидејќи нема други записи.

Потрагата по документите не откри ништо. Се надеваме дека можеби некој од поранешните вработени ќе може да укаже на некои други документи – можеби има некои лични записи што се зачувани“, изјавила таа.

Судскиот доктор му нареди на „Eastern Health“ да ја спроведе првата фаза од истрагата во следните четири до шест недели.

АвстралијаМелбурн