Сестрата на еден од најдобрите кошаркари во светот е осудена на доживотен затвор поради сурово убиство.
Кимеша Вилијамс, сестрата на еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Каваи Ленард (31 г.), е осудена на доживотен затвор за убиство на постара жена во тоалет во казино во Калифорнија во 2019 година. Таа, заедно со соучесничката Кендис Таунсел, биле обвинети дека ја убиле 84-годишната Афаф Асад во тоалетот на казиното, така што буквално му го скршиле черепот и му ја украле чантата.
Афаф Асад починала неколку дена по бруталниот напад, објавија американските медиуми. Во моментот на убиството било утврдено дека несреќната жена со себе имала меѓу 800 и 1.200 долари.
Вилијамс и Таунсел се осудени за убиство од прв степен, како и за грабеж и злоупотреба на постари лица. Роднина на Кави Ленард во 2019 година потврди дека Кимеша Вилијамс е сестра на славниот НБА кошаркар, двократен НБА шампион и двократен најкорисен односно МВП играч на финалињата.
Тимот на кошаркарот, Лос Анџелес Клиперс, во моментов игра плеј-оф серија против Феникс Санс, но доминантниот кошаркар е надвор од терените поради повреда, иако многумина веднаш го поврзаа неговото отсуство со веста за убиството на неговата сестра. Каваи е најмалото дете меѓу петте деца и има четири сестри. Неговиот татко бил убиен во јануари 2008 година во озлогласениот Комптон, Лос Анџелес, во неговата перална за автомобили. И покрај тоа, кошаркарот следната вечер излегол на теренот и емотивно се скршил но продолжил да игра.
Приватно многу повлечен и затворен, кошаркарот никогаш јавно не зборувал за своето семејство или за својот приватен живот. Неговата сестра е осудена на доживотен затвор за грабеж а славниот кошаркар заработува 39,3 милиони долари по сезона.
Тој во летото 2021 година со Клиперси потпиша четиригодишен договор вреден 176 милиони долари, а според проценките од минатата година заработува 11.385 долари за минута.