Според последните податоци, повеќе од 11.200 луѓе загинале во Турција и Сирија како резултат на двата разорни земјотреси во понеделникот, а се стравува дека бројот драстично ќе се зголеми.
Различни слики, урнати згради и сведоштва на преживеани и спасувачи во Турција ја покажуваат вистинската слика за серијата разорни земјотреси што ја погодија земјата во понеделникот.
Земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала предизвикаа огромна трагедија во Турција, која не се памети од 1939 година.
На социјалните мрежи кружат снимки од катастрофалната трагедија од различни агли – од уривање на голем број згради до снимки непосредно пред земјотресот.
Во низа вакви записи, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео снимено од автомобил во моментот кога почнал земјотресот.
На видеото јасно се гледа како целиот пат почнува да се тресе и се ниша, а секоја секунда потресите почнуваат да стануваат се посилни и посилни.
@tna.mcot EOD ขยายพื้นที่ตรวจเส้นทางรถไฟออกไปอีกอย่างน้อย 1 กม. หวั่นลอบวางบึ้มอีก ด้านเจ้าหน้าที่รถไฟยุติแผนกู้ขบวนรถและซ่อมแซมรางชั่วคราว
♬ เสียงต้นฉบับ – สำนักข่าวไทย ONLINE
Видеото го погледнале над 60 илјади луѓе, а над илјада од нив го коментирале видеото:
„Се молиме за Турција“, „Ужас“, „Ова е голема трагедија“ – ова се само дел од коментарите.