ХОРОР – 16-годишник пукал и тешко ја ранил мајка си, убил двајца полицајци а на крајот сам си пресудил

16-годишник од Едмонтон, Алберта, Канада, ја застрела мајка си и уби двајца полицајци пред да си го одземе животот сам. Злосторството се случи рано во четвртокот во стан во станбениот комплекс Бејвуд во градската населба Инглвуд

Двајца патролни службеници биле застрелани и убиени по пристигнувањето на местото на настанот, а според весникот The ​​Guardian, немало индиции дека полицајците испукале истрел при интервенцијата.

Жената била пренесена во болница со повреди опасни по живот. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна. Началникот на полицијата во ЕдмонтонДејл Мекфи, соопшти дека осомничениот на крајот извршил самоубиство пукајќи во себе. Убиените полицајци беа идентификувани како Тревис Џордан (35 г.) и Брет Рајан (30 г.).

Не можам да ви кажам колку сме уништени од оваа загуба“, посочил Мекфи.

Полицаецот Рајан бил и долгогодишен хокеарски судија во младинската лига, а зад себе оставил бремена сопруга. Неговиот колега бил болничар пред да стане полицаец.

Премиерот на КанадаЏастин Трудо изрази сочувство на социјалната мрежа Твитер за убиството на полицајците.

Полицајците секојдневно се изложуваат на опасност за да ги заштитат луѓето. На таа реалност нè потсетува и веста дека двајца полицајци од Едмонтон загинале на службена должност“, напиша тој во објавата.

Канадасмртубиство