Раскинувањето не е лесно за никого, но додека некои брзо продолжуваат понатаму, други поминуваат недели, месеци, па дури и години давејќи се во носталгија, анализирајќи го секој детал и слушајќи тажни песни. Ако мислите дека сте премногу драматични по раскинувањето, можеби виновни се ѕвездите! Ова се четирите хороскопски знаци на кои им треба најдолго време за да го надминат љубовниот прекин.
Рак
Раковите не ја завршуваат само врската – тие го завршуваат целиот живот што го замислувале со вас. Нивната љубов е длабока, а нивните сеќавања се уште подлабоки. Кога врската завршува, Ракот повторно го преживува секој среќен момент, прелистувајќи ги старите пораки и гледајќи ги заедно фотографиите со солзи во очите. Нивната куќа станува музеј на спомени, а нивното срце скршено на милион парчиња.
Бик
Биковите се тврдоглави дури и кога е љубовта во прашање. Кога сакаат, сакаат до крај, а кога губат, се чувствуваат како да изгубиле дел од себе. Не им е лесно да го преболат минатото бидејќи тешко се отвораат со нови луѓе. Наместо да ја извадат од глава бившата љубов, Биковите пркосно ќе ги игнорираат сите совети на пријателите со недели и месеци и претпочитаат да останат сами, чекајќи го моментот кога нивната тага конечно ќе ги пушти.
Шкорпија
Шкорпиите не забораваат. Никогаш. Тие не само што го преболуваат долго време, туку и интензивно. За нив раскинувањето не е само крај на љубовта, туку и предавство, дури и ако тие се оние кои го имаа последниот збор. Може да поминат години, а Шкорпијата сепак ќе се сеќава на тој последен разговор, прашувајќи се што требало да кажат поинаку. Не е важно што долго време се во нова врска – старите рани никогаш не зараснуваат целосно.
Риба
Рибите не тагуваат во тишина – тие прават уметничко дело од своето скршено срце. Тие пишуваат песни, ги слушаат најтажните љубовни балади и во сè наоѓаат подлабоко значење. Нивната имагинација не им дозволува да го испуштат минатото, па постојано замислуваат сценарија во кои бившиот им се враќа и сè повторно добива смисла. Преболувањето за Рибите не е само процес, тоа е цела уметничка изведба.