Вистинското пријателство не се мери по тоа колку пати ќе излезете заедно или со смеата на фотографиите, туку со поддршката во моментите кога е најпотребна. Лојалноста е основата на секое вистинско пријателство – тоа е невидливата нишка што ги поврзува луѓето и им дава уверување дека, без разлика на се, тие не се сами. Додека некои лесно го менуваат друштвото и забораваат на ветувањата, има и такви кои стојат покрај своите пријатели во сите околности, без разлика на растојание, време или препреки. Според астролозите, четири хороскопски знаци се издвојуваат по својата лојалност.
Бик
Биковите се сигурни и доследни – штом некому му ја дадат довербата, тоа пријателство трае цел живот. Нивната лојалност се заснова на чувството на сигурност и стабилност што им го даваат на своите пријатели. Тие не се склони кон површни врски, туку негуваат подлабоки врски исполнети со доверба и лојалност. Ако некогаш ви треба некој да ве слуша без осудување и да биде тука за вас во добри и лоши моменти, можете да сметате на Бикот.
Рак
Раковите се емотивни и длабоко поврзани со своите пријатели. Нивната лојалност нема граници бидејќи се водени од силната емпатија и потребата да ги заштитат оние што ги сакаат. Тие секогаш ќе бидат тука за вас, дури и кога сите ќе заминат, нудејќи рамо за плачење, дом полн со топлина и разбирање.
Лав
Лавовите можеби сакаат да бидат во центарот на вниманието, но кога станува збор за пријателството, тие се исклучително лојални и заштитнички настроени. Нивната лојалност доаѓа од срце – кога сакаат некого, подготвени се во секој момент да застанат во нивна одбрана. Тие никогаш нема да дозволат некој да ги повреди нивните пријатели и секогаш ќе бидат првите што ќе им помогнат, дури и ако тоа значи дека треба да ја ризикуваат сопствената репутација или безбедност.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својот интензитет, а тоа важи и за нивните пријателства. Кога некому му ја даваат довербата, тоа е доживотно. Тие не поднесуваат лажни пријателства или површни врски – или се целосно посветени, или воопшто не се заинтересирани. Нивната лојалност е очигледна по тоа што никогаш не откриваат тајни и никогаш не забораваат кој бил тука за нив кога им било најтешко.