Додека некои луѓе зрачат со самодоверба и без напор влегуваат во просторија како да се главните ѕвезди на вечерта, други не можат да се ослободат од својата внатрешна несигурност. Без разлика колку се талентирани, убави или успешни, тие секогаш ќе најдат причина да се сомневаат во себе. Ако некој постојано ви вели: „Дали навистина мислиш дека го направив тоа правилно? или „Дали сте сигурни дека не сум досаден?“, големи се шансите дека е роден под некој од овие хороскопски знаци.
Рак
Раковите се познати по својата чувствителност, но со неа доаѓа и доза на сомнеж во себе. Иако се неверојатно грижливи и љубовни, тие постојано се прашуваат дали се доволно добри за своите пријатели, партнер, па дури и за својот миленик. Ако веднаш не одговорите на нивните пораки, Ракот прво ќе помисли дека сте му лути. Ако му кажете дека изгледа убаво, ќе помисли дека тоа го кажувате само од учтивост. Нивниот внатрешен критичар никогаш не спие.
Девица
Девиците се детални, педантни и аналитички – но зад таа надворешна смиреност се крие неверојатна несигурност. Тие секогаш мислат дека можат (и мора!) да направат подобро, што често ги наведува да ја доведуваат во прашање секоја одлука. Девицата ќе напише порака, ќе ја прочита пет пати, ќе ја избрише, а потоа ќе напише нова – само за да се погрижи да не звучи „чудно“. Ако им кажете дека направиле нешто одлично, тие ќе одговорат: „Па, можеше и подобро“. Перфекционизмот ги тера постојано да се сомневаат во сопствените способности, дури и кога објективно се најдобри во нешто.
Риба
Рибите се нежни души кои често живеат во сопствен свет на имагинација, но кога станува збор за реалноста, нивната самодоверба лесно се разнишува. Постојано анализираат што кажале, како се однесувале и дали можеби некого несвесно навредиле. Ако се во врска, Рибите ќе се запрашаат: „Што ако еден ден престане да ме сака?“ Ако бараат работа, убедени се дека има стотици подобри кандидати. Нивната несигурност често доаѓа од стравот дека не се доволно добри за луѓето околу нив, иако тие се оние кои внесуваат најмногу топлина и љубов во нечиј живот.