Љубовта е полна со подеми и падови, а за некои хороскопски знаци тој првичен огномет брзо се гаси. После тоа, тие се подготвени да ја прекинат врската поради најмала работа, дури и ако тоа е нешто на што нормално би се смееле. Во продолжение дознаваме за кои хороскопски знаци станува збор.
Близнаци
Близнаците ја сакаат возбудата на новиот почеток: пеперутки во стомакот, долги разговори и откривање на интересните квалитети на партнерот. Но, штом возбудата стивне и врската стане рутина, Близнаците губат интерес. Малите работи кои другите би ги игнорирале, како склоноста на нивниот партнер да ја гледа истата серија одново и одново, стануваат неподносливи за нив.
Овие поединци секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Доколку врската не им нуди постојана забава и интелектуална стимулација, тие ќе се свртат кон нешто или некој што им е поинтересен.
Овен
Овенот сака да освојува и секогаш оди со глава низ ѕидот за да го постигне она што го сака. Но, штом ќе освои партнер и ќе стивне страста, често губи интерес. Сакаат оган и возбуда, а ако врската стане премногу мирна, Овенот ќе бара излез. Некогаш и најмалата работа може да ги изнервира, како на пример на партнерот предолго му треба да избере ресторан.
Досадата е најголемиот непријател на Овенот. Доколку партнерот не може да го следи нивното темпо или врската не се развива како што замислиле, Овенот ќе сврти нова страница без многу драма.
Стрелец
Стрелците се љубители на животот, авантурите и истражувањето, но кога се во прашање врските, нивната слобода секогаш е на прво место. Ако почувствуваат дека врската ги кочи, макар и во најмал степен, брзо ќе ја прекинат. Нивниот немирен дух тешко се справува со секојдневието, а ситниците како планирањето на викендот, и покрај авантуристичките импулси, често им ги напаѓаат нервите.
Ја сакаат слободата повеќе од се. Доколку врската не е доволно возбудлива или партнерот не им дава доволно простор, Стрелецот брзо ќе премине во нова авантура со некој што им е поинтересен од личноста со која биле претходно.