– Околу 95 ученички се хоспитализирани во западниот дел на Кенија поради мистериозна болест што предизвика затворање на училиштето на неопределено време.
ОФицијални лица информираа дека 95 ученички од средното училиште за девојчиња, кое се наоѓа на 374 километри северозападно од главниот град Најроби, хоспитализирани се поради болеста што се прошири во оваа институција. Сѐ уште не е познато за која болест станува збор.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, ученичките наводно боледуваат од болест што им ги парализира нозете, поради што поголем дел од нив не се во можност да одат.
Одлуката за затворање на училиштето е донесена по состанокот на училишниот одбор и официјален претставник на Министерството за образование.
Од училиштето наведуваат дека на стотици засегнати ученички ќе им биде дозволено да се вратат во училиштето откако ситуацијата внимателно ќе се процени и ќе бидат преземени неопходните мерки.
Точната природа на мистериозната болест не е позната, но здравствените службеници изјавиле дека примероците крв од заболените ученички се пратени во лабораториите на кенискиот Институт за медицински истражувања, со цел утврдување на природата и потеклото на болеста, како и развивање соодветни протоколи за лекување.
Ги повикаа родителите на ученичките да бидат на штрек и внимателно да го следат здравјето на своите деца додека здравствените лица работат на идентификација на причината за болеста.