Потег кој ги потсети постарите љубители на фудбалот на познатите акробации на легендарниот Рене Хигита…
Натпреварот од либанската Премиер лига меѓу Ал-Бурџ и Ал-Ансар го одбележа спектакуларниот потег на голманот на гостинскиот тим, Назих Асад.
Фудбалерот на домашната екипа изведе слободен удар дијагонално, од десната страна, топката влезе директно во голот, а Асад изведе акробација и ладнокрвно го одбрани овој удар во стилот на легендарниот Игита.
Неговиот потег ги воодушеви гледачите на стадионот и веднаш стана вирален хит.