Храната достапна за секого го намалува ризикот од дијабетес за 28 отсто

Ако имате дијабетес, важно е да го следите советот на вашиот лекар. Тоа значи да се грижите за исхраната и да не јадете премногу слатки. Постои една храна која може да направи чуда. Грчкиот јогурт без никакви додатоци, што значи без шеќер, засладувачи, скроб, сируп и други работи, има многу калциум и протеини и е богат со цинк, јод и витамини Б2, Б12, Д.

Како што открија научниците, потрошувачката на грчки јогурт може да го намали ризикот од развој на дијабетес за 28 проценти. Студијата, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Кембриџ, откри дека е доволно да се консумираат 40 грама грчки јогурт дневно.

Студијата опфатила 3.502 возрасни лица. Во текот на 11 години биле анализирани нивните навики во исхраната. Научниците заклучија дека ферментираните млечни производи, како што се јогуртот и урдата, имаат мала енергетска густина и се извор на витамин К2, кој претходно беше поврзан со пониски стапки на отпорност на инсулин и дијабетес тип 2.

Севкупно, млечните производи со висока содржина на масти беа поврзани со 9% зголемување на дијабетес тип 2, а потрошувачката на ферментирани млечни производи со малку маснотии беше поврзана со 24% намален ризик од дијабетес.