Министерството за економија утре или понеделник ќе објави мерки за поскапување на основните прехранбени производи, за што граѓаните организираат бојкот на поголемите маркети.
Министерот Бесар Дурмиши најави дека ќе се одржи средба со синдикатите, организациите на потрошувачи и надлежните институции за новата методологија за пресметка на потрошувачката кошничка.
„Ја разбирам организацијата на бојкоти и ја поддржувам, но нема да дозволиме шпекулативни практики кои ги зголемуваат цените на производите. Ќе преземеме соодветни мерки“, рече Дурмиши.
Тој информира дека Државниот пазарен инспекторат до крајот на неделава ќе ги заврши инспекциите во кои ќе бидат вклучени дистрибутери, добавувачи, производители и трговци за да се провери дали е зголемена ценовната маржа.
Во однос на минималната плата, Дурмиши потврди дека Владата ја поддржува усогласената методологија и е подготвена да поддржи нови договори доколку се договорат синдикатите и работодавачите.