Белката од јајцето, маслиновото масло, сокот од лимон, овошјето и зеленчукот, освен што се многу вкусни намирници, се и добар „лек“ против брчки.
Кремите и производите против брчки се првиот избор на многу жени за да го избегнат ризикот од појава на брчки. Но, овие производи не се единствените. Зошто би рекол? Бидејќи е откриено дека некои прехранбени производи помагаат во борбата против брчките сосема природно.
Ајде да видиме кои се тие…
Белка од јајце
Одделете ја белката во сад. Измасирајте ја оваа композиција на кожата и оставете ја да се исуши најмалку 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода. Белката содржи витамини Е и Б, одлични против расипување на клеточните мембрани и за заштита од штетните УВ зраци на сонцето, пренесува Телеграф.
Маслиново масло
Својствата на маслиновото масло се добро познати, тоа и помага на кожата да остане мека и заштитена. Обидете се лесно да масирате неколку капки масло на лицето пред да заспиете, а потоа покријте го со мека крпа.
Овошје и зеленчук
Свежото овошје и зеленчук, генерално оние со витамин А и Д, ќе придонесат за одржување на лицето свежо и затегнато. Недостатокот на витамин А, всушност, е една од причините за епидемиско сушење, а со тоа и за создавање на брчки. Витаминот А го стимулира производството на колаген, ја фаворизира регенерацијата на клетките, го осветлува тонот на лицето и ги отстранува темните дамки формирани од сонцето или возраста.
Сок од лимон
Исечете лимон на половина и измасирајте на брчките на лицето. Киселоста на сокот од лимон ја прави кожата помазна и ја намалува појавата на брчки. Ако го нанесете свеж, лимонот помага и за осветлување на дамките на кожата благодарение на содржината на аскорбинска киселина.