Постојат намирници кои треба да се внесат во исхраната не само затоа што се вкусни. Дури и ако не ви се допаѓаат, јадете ги затоа што се здрави.
Еве што можат да направат некои од нив.
Авокадото ги отстранува токсините од црниот дроб
Црниот дроб е тој што го ослободува нашето тело од токсините, но меѓу нив има и бројни штетни материи кои можат да го попречат функционирањето на црниот дроб.
Затоа авокадото е добро и треба редовно да го вклучувате во вашата исхрана бидејќи е полно со глутатион, кој ги разградува хемиските токсини.
Грејпфрутот ги отстранува мастите
Грејпфрутот е природен согорувач на маснотии, поради што е суштински дел од секоја диета! Јадете го како ужина, направете сок, додадете лимон, мед, цимет… Одлично е и за зајакнување на вашиот имунолошки систем .
Краставицата го освежува здивот
Краставицата е природен освежувач на здивот, како и јаболкото. Кога јадеме свежа краставица, таа ја стимулира плунката, која помага да се отстранат остатоците од храна од нашата уста, што е она што создава непријатен мирис.