Ако имате проблем со висок шеќер во крвта, одредени намирници можат да ви помогнат брзо да го намалите. Лекарите особено препорачуваат зелен зеленчук, јогурт, јајца и овошна вода со лимон или краставица.
Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е клучно за да останете здрави , а правилната исхрана игра голема улога во тоа. Д-р Меги Пауерс истакнува дека одредена храна може да помогне во одржувањето на стабилен шеќер во крвта.
На врвот на листата се лиснатиот, зелен зеленчук, како што се спанаќот, зелката и кељот. Овие
намирници се богати со влакна и хранливи материи кои ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвта. Покрај тоа, Пауерс препорачува и храна богата со протеини, како што се јогурт, урда, јајца, посно месо и путер од кикирики.
Интересно е тоа што дијабетичарите можат да консумираат и овошна вода, која лесно можат да ја подготват. Парчињата лимон или краставица треба да се додадат во обична вода и да се остават да отстојат 24 часа пред да се консумираат, пренесува „ Madyamam Online “.
Меѓу другите корисни намирници, лекарот советува да вклучите јачмен, бобинки и авокадо во вашата исхрана. Меѓутоа, покрај правилната исхрана, неопходно е да се грижите за целокупниот начин на живот за да го спречите дијабетесот или да го одложите неговиот развој.
Експертите советуваат:
- Редовно проверувајте го крвниот притисок.
- Одржувајте ја вашата телесна тежина во нормални граници.
- Вежбајте најмалку 30 минути дневно.
- Внимавајте на урамнотежена исхрана.
Симптомите на дијабетес се често суптилни на почетокот, но некои од најчестите знаци вклучуваат зголемена жед, сува уста, нагло губење на тежината, често мокрење, постојан глад и замор.
Еден од првите симптоми е честото мокрење – додека просечниот човек оди во тоалет четири до седум пати на ден, дијабетичарите одат значително почесто.