Храна која не треба да се јаде на празен стомак! Избегнувајте јогурт, започнете го денот со палента

Покрај тоа што често се прескокнува појадокот, постојат и намирници кои не се препорачуваат да се консумираат на празен стомак.

Она што заслужува препорака за почеток на денот се јајцата, интегралниот леб и медот. Овие намирници благотворно делуваат на здравјето, а даваат и чувство на ситост подолго време. Исто така, храната која е најпосакувана и најдобра за почеток на денот е овесната каша, но онаа што ја правите сами, не купена во продавница или палентата. Оваа храна формира заштитен слој во желудникот и на тој начин го штити од киселини, но и го поттикнува варењето.

Група американски нутриционисти составија листа на намирници кои не треба да се консумираат за појадок, а некои од нив ќе ве изненадат. Имено, повеќето од нив се омилениот дел од првиот оброк на многумина од нас, а излегува дека доколку ги конзумираме веднаш штом станеме, можат лошо да влијаат на нашиот организам.

Млечни производи

Ќе се изненадите, но јогуртот, млекото или другите млечни производи не се препорачуваат да се консумираат наутро. Млечните киселини кои ги внесуваме преку овие производи се „убиваат“ со хлороводородна киселина од желудникот. Затоа внесувањето на млечни производи има многу мала корист за нашиот организам кога ги јадеме на празен стомак.

Домати

Ова овошје содржи високо ниво на танин, што доведува до зголемување на киселоста во желудникот, што често резултира со појава на гастритис.

Слатки

Под овој термин не се подразбираат само бонбони и чоколади, туку и „лажна“ здрава храна – мусли, интегрални колачиња, бисквити и слично. Јадењето слатки на празен стомак предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, што може лошо да влијае на панкреасот.

Зелен зеленчук

Иако спанаќот, блитвата, кељот и зелката се многу здрав зеленчук, нутриционистите не препорачуваат да се консумираат наутро. Причината е што овој зеленчук е богат со амино киселини и може да предизвика металоиди и болки во горниот дел на стомакот.

Лиснато тесто

Многу популарен кај нас, особено за првиот оброк. Избегнувајте топчиња, кроасани и друго лиснато тесто бидејќи маргаринот и квасецот може да предизвикаат надуеност.