Храна што го чисти организмот! Еден вид зеленчук ги отстранува токсините од црниот дроб

Постојат намирници кои треба да бидат вклучени во исхраната не само затоа што се вкусни. Дури и ако не ви се допаѓаат, јадете ги бидејќи се здрави.

Еве што можат да направат некои од нив.

Авокадото ги отстранува токсините од црниот дроб

Црниот дроб е тој што го ослободува нашето тело од токсини, но меѓу нив има бројни штетни супстанции кои можат да се мешаат во функционирањето на црниот дроб.

Затоа авокадото е добро и треба редовно да се вклучува во вашата исхрана бидејќи е богато со глутатион, кој ги разградува хемиските токсини.

Грејпфрутот ги отстранува мастите

Грејпфрутот е природен согорувач на масти, па затоа е суштински дел од диетите! Јадете го како ужина, направете сок, додадете лимон, мед, цимет… Исто така е одлично за зајакнување на имунолошкиот систем .

Краставицата го освежува здивот

Краставицата е природен освежувач на здивот, како и јаболкото. Кога јадеме свежа краставица, таа го стимулира лачењето на плунка, што помага да се отстранат остатоците од храна од устата, што е причината за непријатниот мирис.