Одби бројни понуди од арапски клубови за да игра на највисоко ниво уште една година, а сега би можел да се врати во Динамо Загреб!
Лука Модриќ и на 38 години игра фудбал од врвна класа и Реал Мадрид не може да излезе на терен без него, а во Загреб планираат да го вратат Лука Модриќ на местото каде што почна по истекувањето на договорот со „Кралскиот клуб“.
Неодамна Динамо Загреб на социјалната мрежа Фејсбук објави објава за Лука Модриќ со хаштаг „#ИмалоБиСмисла“, а сега претседателката на управниот одбор на овој клуб Влатка Перас истакна дека интензивно се работи за да се убеди поранешниот најдобар играч во светот да игра за Динамо Загреб во сезоната 2024/25.
„Тој е во последната година од договорот, ќе му се јавам оваа зима, секако. Па како Динамо Загреб да не го сака Лука Модриќ ? Не можам да кажам дека сум во постојан контакт со него, но знам членови на неговото семејство. Би имало смисла да се врати во Динамо Загреб на крајот од кариерата, зошто да не ? Динамо Загреб сигурно ќе направи се што е во негова моќ да го оствари тоа. Сега, ќе видиме дали ќе биде доволно“, вели таа во интервју за Index.hr