ХРВАТСКА Е СО УКРАИНА: Зеленски и Пленковиќ потпишаа Меморандум (ФОТО)

Украинскиот претседател Володомир Зеленски нешто по 11 часот пристигна во Дубровник, а по средбата која траеше околу час и половина, потпиша договор (Меморандум) со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тие потпишаа билатерален договор за долгорочна соработка и поддршка на Хрватска на Украина.

По тој повод, Пленковиќ се огласи на социјалната мрежа „Х“.

„Со украинскиот претседател потпишавме Договор за долгорочна соработка и поддршка. Во Украина ги пренесуваме уникатните искуства на Хрватска во областа на хуманитарното деминирање, обработката на воените злосторства и грижата за воените ветерани, како и од ЕУ процесот за нејзино пристапување“, напиша Пленковиќ.

Покрај пристигнувањето во Хрватска за да се сретне со Пленковиќ и со претставници на други земји од регионот, Зеленски дојде и да учествува на третиот самит Украина – Југоисточна Европа.