Хрватска набавува турски борбени беспилотни летала „Бајрактар“ во вредност од 86 милиони евра

– Владата на Хрватска на денешната седница му даде согласност на Министерството за одбрана да ја преземе обврсакта за набавката на турскиот беспилотен авиосистем Бајрактар TБ2.

По спроведувањето на постапката за јавна набавка за периодот од 2024 до 2026 година, Министерството за одбрана на Република Хрватска на владина седница ја презентираше одлуката за набавка на турскиот беспилотен авиосистем Бајрактар TБ2, во вкупен износ од 86.424.252 евра. Од оваа сума, хрватското Министерството за одбрана оваа година ќе треба да плати 20,2 милиони, 37,5 милиони во 2025 година и 27 милиони во 2026 година, објавија хрватските медиуми.

„Вооружените сили на Република Хрватска изразија потреба од приоритетна и итна набавка на вооружениот беспилотен авион Бајрактар TБ2, а компанијата „Baykar Makina San.Ve Tic.A.S“ достави информативна понуда и предлог за конфигурација на беспилотниот авиосистем Бајрактар TБ2 за Република Хрватска според моделот на ‘вкупниот пакет’. Конфигурацијата е заснова врз шест авиони опремени со електро-оптички камери за извидување, вклучувајќи го и почетниот сет на комплетно вооружување, како и обезбедува двојна радио покриеност на целата територија на Хрватска во стационарна и мобилна верзија“, објасни министерот за одбрана Иван Анушиќ.

Покрај авиони со камери и оружје, пакетот вклучува командно-контролен центар, симулатор за обука, копнени станици за следење и контрола, копнени станици за податоци, иницијален сет на резервни делови доволни за 4.000 часа лет, вклучувајќи ја и целата потребна опрема и алат за одржување, гаранција во траење од две години или до достигнување 4.000 часа летање, престој на експерти во Хрватска во период од две години, обука во центарот за обука во Туркије и транспорт на целиот пакет до Хрватска.

Владата на Хрватска на денешната седница му даде одобрение на Министерството за одбрана да преземе обврски на товар на државниот буџет за одржување на авионот Рафале и подготвителни дејствија за набавка на тенкови Леопард.