Припадничка на хрватското МВР на мотор усмртила камионџија од Србија кој пред возилото чекал да ја помине границата на преминот Бајаково.
Според информациите таа се движела со недозволена брзина и без кацига.
Хрватските портали јавуваат дека локалното МВР потврдиле дека се случила оваа тешка несреќа.
Како што пишува порталот Index.hr, несреќата се случила околу 15 часот и 45 минути на автопатот А3 Загреб-Липовац во правец на граничниот премин Бајаково, а лекарска помош му е укажана на полицискиот службеник кој го управувал мотоциклот.
За сообраќајната несреќа е известено и надлежното државно обвинителство во Хрватска.
Со оглед на тоа што сообраќајниот полицаец кој го управувал мотоциклот е службеник на сообраќајната полиција Винковци, увидот ја спроведуваат полициски службеници од полициската управа Брод-Посавина, велат од полицијата за Индекс.