„[Пленковиќ] го поздрави поднесувањето на барањето на Косово за членство во ЕУ и ја повтори поддршката за визната либерализација со Косово“
Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, се состана со потпретседателката на Владата и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала-Шварц, која престојува во официјална посета на Република Хрватска.
Изразувајќи добредојде, Пленковиќ ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Хрватска и Косово и ја нагласи поддршката што Хрватска му ја дава на Косово на сите форуми, со акцент на членството во меѓународните организации, особено во ЕУ и Советот на Европа, соопшти хрватската Влада.
„[Пленковиќ] го поздрави поднесувањето на барањето на Косово за членство во ЕУ и ја повтори поддршката за визната либерализација со Косово“, се додава во соопштението.
Во однос на билатералните односи, Пленковиќ го нагласил потенцијалот за понатамошно унапредување на економската соработка по неодамнешниот хрватско-косовски бизнис-форум што се одржа во Приштина, и ја истакна постојаната грижа на Хрватска во однос на положбата на хрватската заедница во Косово.
Косовската министерка Доника Гервала-Шварц вчера се состана и со хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, како и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
TRT Balkan