„Она што му се случува на Миле Јанакиески е се, само не е правда. Кога и да им треба дефокус на криминалната влада на ДУИ и СДСМ, тие посегнуваат по Миле Јанакиески. Апсолутно давам целосна поддршка моја лична до семејството, јас знам дека Миле е храбар човек и ќе издржи и покрај оваа тортура на семејството што му се случува. Но овие луѓе кои што ова му го прават на Миле и на семејството на Миле и на многумина други сега да не ги споменувам, ќе треба да одговараат за неправдата уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
За уставните измени тој нагласи дека под диктат нема да се случат.
„Уставни измени под диктат нема да има. Го охрабрувам Османи за предвремени избори за да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа да размислуваме за многу други работи“, изјави Мицкоски.
Тој денеска при посета на општина Карбинци, на новинарско прашање за вчерашната изјава на Османи во врска со уставните измени, уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа, како што е овој бугарскиот диктат и уставни измени нема да има.
„Смисолот за хумор на Бујар Османи не му бил добра карактерна особина и често пати неговите метафори преку лошиот смисол за хумор не се добро разбрани ниту од мене, ниту пак од јавноста, бидејќи не знаеме што сака со тоа да каже. Нека се охрабри да одиме на предвремени парламентарни избори, да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа можеме да размислуваме за многу други работи. На крај важно е да тој мирно спие, и час поскоро се разбуди од својот сон, но не како министер за надворешни работи, туку на некое друго место после се ова што и го направи на Македонија и на македонскиот народ, јас му посакувам мирен сон“, додава Мицкоски.