Клиничкиот центар во Штип ќе биде доизграден, а исто и Клиничкиот центар во Скопје, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина во Штип.
Тој посочи дека на здравството му е потребна трансформација, а една од нив е и враќање на стариот модел и начин на функционирање.
„Работа за која сакам да зборувам е дуализмот кој што е присутен во Клиничкиот центар во Скопје. Таму има врзани потписи и економски директори и тоа е една конфузија која што буквално на никој не му е јасно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар, да нема ваков тип на дуализам. И тоа е коалициски договор, услов. Кој сака да пристапи на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ мора ова да го прифати, вели Мицкоски и вети дека ќе Клиничкиот центар во Скопје и Штип ќе ги изгради идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Христијан Мицкоски на денешната дебата во Штип.
Посочи дека во моментов се создава новата предизборна Програма на ВМРО-ДПМНЕ која, како што кажа Христијан Мицкоски, е при крај и за брзо време ќе има и нејзина промоција. Во неа има и за изградбата на нов Клинички центар во Скопје.
„Се сеќавате во минатото тогашниот министер за здравство Венко Филипче ја обвинуваше опозицијата за опструкции и кочење, но како поминуваше време цената на чинење за нов Клинички центар од оној почетен проект кој што имаше договор, изведувач и обезбедени средства во рамките на Клиничкиот центар Мајка Тереза, па се до овој последниот разликата беше од 110, 115 милиони евра па се до половина милијарда трошоци кои што дополнително ќе растеа, бидејќи не беше инфраструктурата предвидена во тој проект. Па сега вака кога ќе правите програма, ако сте како некои естрадни политичари кои за жал овде кај нас во Македонија ги има, кажуваат тоа што луѓето сакаат да слушнат. Има еден таков политичар кој се што сака да слушнете, тој ќе каже. Понекогаш ќе навреди, ќе користи некој речник кој не е доличен за академски сограѓани, но тоа е реалноста на политичката сцена“, кажа Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека новиот Клинички центар во Скопје ќе се изгради, но се ќе зависи од фискалните услови.
„Да сакам да знаете дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сработи нов Клинички центар, но не можеме колку тоа ќе чини бидејќи зависи од фискалниот услов и да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши Клиничката болница овде во Штип. Тоа сигурно јас ви го кажувам. Ние се трудиме да водиме државна политика“, порача Христијан Мицкоски на денешната трибина во Штип.