На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, остварив средба со претседателот на Владата на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ
На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации.
Разговаравме и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.
Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за претстојните избори.
Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес.
Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ.