Запознајте го најголемиот питбул на светот – Хулк! И тој не само што е најголем, туку е и едно од најскапите кучиња досега, вредно неверојатни 2 милиони фунти.
Хулк тежи 80 килограми, а кога ќе застане на задните нозе достигнува висина од 180 сантиметри. Навистина импресивни димензии!
Сопственик на Хулк е Американецот Марлон Гринан, кој исто така се занимава со тренинзи и има одгледувачница за кучиња за заштита. Некогаш тој беше на удар на критики во јавноста бидејќи им дозволил на своите деца да ги дресираат овие колосални кучиња, иако имале само шест и две години.
Момчињата денес се малку постари, имаат 11 и седум години, но и понатаму спијат без страв и се галат со Хулк, како и со неговите многубројни потомци.
-Им веруваме на нашите кучиња бидејќи тие се со момчињата уште од мали нозе, но и се правилно воспитани. Околу 90 проценти од сопствениците на кучиња не разбираат дека на кучето му требаат структури, правила и граници. Мора да ги тренирате кучињата и да ги тренирате правилно. Тоа е како да имаш деца. Има родители кои се многу строги со своите деца, но кон своето куче се однесуваат како кон бебе, претворајќи го во темпирана бомба. Хуманизирањето куче е многу опасно. Малите работи што им дозволувате да ги прават може да доведат до лошо однесување, како што е да им дозволите да скокаат врз луѓето или да се возбудите премногу кога ќе видите дека ве водат. Повеќето луѓе го наградуваат погрешното однесување. Кога кучето ќе се исплаши или вознемири, тие го тапкаат или галат и велат: „Во ред е, во ред е“. Го наградуваат кучето затоа што е во таква душевна состојба – истакнува Гринан.
Авантурите на Хулк ги следат луѓе ширум светот преку социјалните мрежи, а овој добронамерен џин има над милион следбеници на Инстаграм.
Кучето припаѓа на расата XL американски бул, иако Марлон истакнува дека во основа е исто куче како питбулот, односно потекнуваат од ист тип на борбени кучиња.
- Некои ќе речат дека не е така, но пред 1980 година кога луѓето воведоа стандарди за кучињата, тие беа класифицирани како иста раса – вели тој и додава дека е целосно против овие кучиња да се борат.
Марлон и неговата сопруга Лиза заедно со Хулк имаат 30 кучиња, а истакнуваат дека овој џин имал над 250 кученца во текот на 10 години и дека секое го продале за околу 30.000 фунти. Го издаваат и како мажјак за парење, а оваа услуга чини 50.000 фунти.