Бразилскиот фудбалски ас Хулк и на 39-годишна возраст сè уште е терор за голманите, а тоа синоќа од прва рака го доживеа голманот на Томбензе, Матеус Аурелио.
Атлетико-МГ и Томбенсе го одиграа првиот натпревар од полуфиналето на шампионатот Минеиро, а Хулк со два гола му донесе победа на својот тим.
Најпрвин во 58. минута реализираше пенал за 1:0, а конечните 2:0 ги постави во 66. минута на свој уникатен начин.
Беше досуден слободен удар на 30 метри од голот на Томбенсе, Хулк шутираше во свој стил и постигна спектакуларен гол.
Тоа беше петти гол за Хулк во исто толку настапи оваа сезона во шампионатот на Минеира и дефинитивно најубав.