Хуманитарниот концерт на проектот „Мевлем“, посветен на споменот на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, ќе се одржи на 29 март во културната установа „Пароброд“, соопштија организаторите.
„Концертот е можност заеднички да изразиме солидарност со повредените и нивните семејства и да им оддадеме почит на жртвите во трагедијата. Сите собрани пари ќе бидат насочени кон семејствата на повредените за време на трагичниот пожар во Кочани“, се вели во соопштението.
Како што е најавено, Марко Виденовиќ ќе настапи на пијано и рецитирање, Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола и Енис Аљи на виолончело.
„Мевлем“ е уметнички концепт на композиторот и поет Виденовиќ кој ги поврзува музиката и поезијата, создавајќи простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста. Проектот на публиката и нуди уникатно емотивно искуство, суптилно допирајќи ги темите на загуба, љубов, сеќавање и надеж“, се вели во соопштението.
Концертот е во организација на Белградската музичка младина и Македонската музичка младина.