Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам во Берово реализирана хуманитарна акција во чии рамки беа доделени хуманитарни пакети за семејства од социјален ризик. Акцијата се реализира на иницијатива на Ахмедија муслимански џамаат во соработка со Општина Берово.
-Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмедија муслимански џамаат, денеска, во Берово, додели 100 хуманитарни пакети. Целта на оваа акција, е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно, информираа од Општината.
Хуманитарните пакети на граѓаните им ги додели градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
-Изразив голема благодарност за иницијативата за овој хуманитарен гест, со кој ќе се помогне на повеќе семејства, додаде беровскиот градоначалник.
Организацијата Ахмедија муслимански џамаат, повеќекратно има помогнато на социјално ранливи категории на граѓани во Берово и како што дополнија од Општината е чест партнер во реализирањето на активности од областа на социјална заштита.