Хутите најавија итна мобилизација во областите на Јемен под нивна контрола.
Веста за мобилизацијата ја соопшти лидерот на бунтовниците Абдел Малек ал Хути по почетокот на американско-британскиот напад .
– Нашиот народ се префрли на воена мобилизација во повеќето провинции. Бројот на регрути е во илјадници – изјави Малек ал Хути за ТВ каналот Ал Масира и ги повика поддржувачите на движењето да продолжат со воената обука и демонстрациите и да донираат пари и покрај тешката ситуација.
— Pluton (@Pluton45873221) January 12, 2024
Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека утринава голем број вооружени поддржувачи на шиитското движење излегоа на улиците на градовите под контрола на Хутите , повикувајќи на одмазда.
— Pluton (@Pluton45873221) January 12, 2024
САД и Велика Британија извршија 73 напади во Јемен, изјави Јахја Сарија, портпарол на вооружените сили на движењето Хути.
– Американскиот и британскиот непријател, како дел од нивната поддршка за израелските злосторства во Газа, започнаа брутална агресија против Република Јемен, изведувајќи 73 напади врз главниот град Сана и провинциите Худајда, Таиз, Хаџ и Сада – напиша Сарија на својот профил на социјалната мрежа Х.
Сарија додаде дека во нападите загинале пет борци на движењето.
Хутите тврдат дека извршуваат одмазднички напади врз американските и британските воени бази и објекти и дека успеале да потонат американски воен брод во Црвеното Море во ракетен напад , но нема докази за поддршка на таквите тврдења.
Соединетите Американски Држави и Велика Британија ќе жалат што ја започнаа операцијата против Јемен, изјави Хузам ал Асад, член на Политбирото на движењето Хути.
– Нашите вооружени сили се добро подготвени, а агресорите ќе жалат за агресијата врз јеменскиот народ – напиша Ал Асад на социјалната мрежа Х.